Приказната

Здраво! Јас сум Номад и дојдов во Скопје летото 2015. Мојата единствена желба е да спремам вкусни и природни пијалоци. Од тогаш и зима и лето се вртам низ градот, правам разни видови на кафе и вкусни смутиња, а сите од кај мене си одат со насмевка. Јас сум прв од мојот вид на овие простори, кафе бар на тркала што се движи целосно на струја. Сите состојки со кои работам зависат од нивната сезона, затоа секогаш го добиваш најубавиот пијалок што можам да го направам. Како ти звучи ова? Погледни на мапата каде се наоѓам и пројди да се запознаеме.

Coffee

Што нудам

Нудам неколку начини да ги оствариш твоите кофеински и витамински потреби. Што ти се пие?

Кафе

За сите што мислат дека пиењето на кафе само по себе е ритуал, имам квалитетно Lavazza еспресо, макијато, капучино, нескафе, фредокапучино, фредоеспресо… Дојди и пробај, кажи ми што мислиш а јас ќе продолжам со комбинирање и дополнување на менито со нови рецепти.

Coffee

Цедени сокови и Смути

За витаминска доза, имам неколку овошни смутиња и вкусни смути оброци. Сите состојки кои ги користам се рачно одбрани и исцедени во моментот на твоето пристигнување.

Coffee

Да те стопли

Во зима правам чај, а понекогаш имам и топли десерти за фановите на чоколадо.

За мене

Да си номад не е лесно, целосно зависам од околината и природата за да можам да продолжам со мојата авантура. Затоа ја почитувам природата и работам 100% на електричен погон. Ги охрабрувам сите да се однесуваат исто кон околината, затоа што ако внимаваме сега, Мајка Природа ќе се грижи за нас засекогаш. Сите сте добредојдени, сè додека сте еко-френдли!

Coffee

Мојата тајна

Дали се чудиш зошто твоето смути или кафе дома не е исто како моето? Епа вака, најпрво ти требаат совршени состојки, добро смелени и избалансирани зрна кафе или зрело овошје. Потоа доаѓаат алатките, користам соковници и кафемати од највисок стандард. И на крај, ти треба многу љубов. Ако не уживаш во подготовката, никогаш нема да биде вкусно како моето.

Барај ме

Лесно можам да стигнам каде и да ме повикаат. Одам на концерти, во Градски парк, во Клинички центар и на многу други локации. За да ме најдеш лесно, следи ја мапата на оваа страна или пак посети го мојот фан пејџ на Фејсбук. Исто така може да ми пишеш на мејл hello@nomad.mk, или да се слушнеме по телефон на 078 344 906 па се гледаме!

Резервирај ме

Пополни ја формата и ќе те известам за мојот распоред.

Каде се наоѓам